Според италијанските медиуми македонскиот репрезентативен напаѓач би можел да го напушти Удинезе со кој има важечки договор до 30 јуни 2022 година.
Интерес за Илија Несторовски покажуваат три екипи кои моментно настапуваат во Серија Б, тие се Монца, СПАЛ и Бреша.
Како што информира „Скај Спорт“, Фернандо Љоренте и Патрик Кутроне се очекува да се преселат во Удине, а Кевин Ласања е блиску до трансфер во Верона.
Монца е во сериозна трка за учество во елитата, се наоѓа на второто место, заостанувајќи само четири бода зад лидерот Емполи, потоа СПАЛ е на петтата позиција, додека Бреша е на 13 место.
Несторовски сезонава во Серија А досега запиша 11 настапи, со еден гол, и само еднаш бешес стартер. Лани во првенството запиша 28 настапи и три погодоци.
Претходно ги бранеше боите на Палермо, Интер Запрешиќ, Металург, Викторија Жижков, Словачко и прилепска Победа.