Во неделата Мостар за прв пат имаше избори после 12 години, но се уште нема резултати од истите. Според централната изборна комисија на БиХ на изборите гласале 55% од запишаните гласачи односно 52.865 гласачи.

До утрово ХДЗ БиХ ја зголеми својата предност на околу 2.700 гласови во однос на про-бошњачката коалиција за Мостар по преброени 81,33 проценти од гласачките ливчиња, а лидерот на ХНС БиХ им напиша на европските официјални лица барајќи помош за елиминирање на, како што тврди, кражбата на изборите.

Централната изборна комисија во вторникот објави дека ХДЗ БиХ има 14.878 гласа на градската листа, што е 36,27 проценти.

Следува Коалицијата за Мостар, предводена од бошњачката СДА, за која гласале 12.188 гласачи или 29,71 процент, пренесува Хина.

Блокот БХ, кој се состои од СДП БиХ и Наша странка, доби поддршка од 5.050 гласачи, а Хрватската републиканска партија 3.111 гласа.

Списокот на српската коалиција Останете овде – Заедно за нашиот Мостар, кој има 1.836 гласа, сè уште го поминува изборниот праг.

Во исто време, претседателот на Хрватското национално собрание (ХНС) на БиХ, Драган Човиќ, во писмото побара ангажман на голем број европски претставници, обвинувајќи за изборен инженеринг и масовни измами кои се случиле пред и за време на изборите во Мостар.

Писмото, меѓу другите, е упатено до претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Доналд Туск, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Џозеф Борел и комесарот за проширување, Оливер Вархеји.