Во последното денонноќие, до 07:00 часот утрово, на територијата на Р.С. Македонија имало вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои три се активни пожари, еден е под контрола, а 27 се изгаснати, извести Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во: општина Берово – Дрџински рид, м.в. Стојковото, село Русиново (каде што гори дабова, букова шума и папрат); Општина Липково – село Никуштак (гори нискостеблеста деградирана шума и дабова шума); Општина Сопиште – Студеничани – село Умово кон селата Драчевица и Варвара (гори мешана вегетација)

Како што информираше ЦУК, под контрола е пожарот во општина Гази Баба – Вардариште (каде што гори ѓубриште), а изгаснати се 27 пожари.

Текстот Три активни пожари во државата, еден под контрола, а 27 се изгаснати е превземен од МАКФАКС.