Трговската размена меѓу ЕУ и Велика Британија опаднала за скоро една четвртина во првите три месеци по Брегзит, покажуваат податоците на британската Канцеларија за национална статистика.
Advertisements
Најголем пад е забележан во трговијата со Ирска и со Германија, пренесува бриселскиот портал Еурактив. Извозот во Ирска опаднал за 47 отсто меѓу декември и јануари, а најголем е падот на извоз на хемикалии, животни и во прехранбениот сектор. Според договорот за Брегзит, воведени се царински проверки на целата стока која во Ирска влегува од Велика Британија.
Увозот од Германија, најголем трговски партнер на Велика Британија меѓу членките на ЕУ, опадна за 30 отсто, односно за 1,7 милијарди фунти во истиот период.
Според договорот меѓу Брисел и Лондон за трговија и соработка, кој стапи на сила на 1 јануари, стоковата размена меѓу двете страни ќе се одвива без царини и по излегувањето на Британија од Унијата.