Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи потврди дека одредени трговци, кои користеле евтина струја од владата, ја злоупотребиле кризата да остваруваат високи профити.

„За жал има многу шпекулации за да се профитира што е можно повеќе. Цените се поскапени на шпекулативна основа од трговците без да има оправдување за тоа. Не е точно дека поскапувањето го одразува поскапувањето на електричната енергија“, вели Битиќи во интервју за ТВ Шења и порталот зоом.мк.

Тој вели дека нема правен основ да се казнат трговците што ја злоупотребиле кризата, но тој најави законско решение со кое ќе се оданочуваат екстра профитите во висина од 30 отсто. Освен тоа, ако не се намалат цените  тие трговци нема повеќе да добијат евтина струја и ќе се принудат да ги вратат парите за користењето на субвенционирана струја.