Третиот „локдаун“ на Австрија до 18 јануари повторно ќе ја чини австриската трговија повеќе од милијарда евра од прометот, предупредуваат истражувачите од Универзитетот Јоханес Кеплер (ЈКУ) во Линц.
Тие очекуваат загуба на промет во износ од околу 1,9 милијарди евра бруто.
Првото заклучување на пролет, според истражувачите, и донесе на трговијата загуба на промет од 3,8 милијарди евра, а втотиот „локдаун“ во ноември ја чинеше 2,2 милијарди евра.
Со тоа австриската трговија, по трите заклучувања, ќе претрпе загуби во износ од околу осум милијарди евра.
Здружението на трговци смета дури и на загуби во износ од 10 милијарди евра.