До бугарската Централна изборна комисија свои пријави за учество на претстојните парламентарни избори, закажани за 14 ноември, испратија 22 партии и седум коалиции, јави дописникот на МИА од Софија.
Ова е значително помал број партии што ќе учествуваат на третите парламентарни избори во Бугарија годинава, што е првпат во историјата на земјата од нејзиното ослободување од османлиското ропство пред 142 години.
Денеска беше крајниот рок за регистрација на партиите и коалициите за изборите во ноември, кога ќе се одржат и редовните избори за претседател и потпретседател на Бугарија. (МИА)