Откако минатата недела беа пријавени два критични случаи по вакцинацијата со АстраЗенека, кога едната медицинска сестра (49) почина, а другата (35) доби белодробна емболија, во таа земја се појави уште еден сериозен случај.

Според дописникот на веб-страницата 24сата.хр од Виена, е регистриран нов случај во Штаерска, но педесет и едногодишната жена не била вакцинирана со доза од контингентот што го примиле медицинските сестри во Цветл во Долна Австрија.

Жената поминала повеќе од две недели во болница и требало денеска да биде пуштена. Таа била вакцинирана на 12 февруари во Грац, по што имала проблеми со згрутчување на крвта и белодробна емболија. Таа не била вакцинирана со серијата АБВ 5300 што е повлечена во Австрија, туку со доза од друга серија.

Што се однесува до медицинските сестри од Цветл, Федералната канцеларија за јавно здравје (БАСГ) во неделата објави дека истрагата е во тек, но дека нема докази за поврзаност на двата случаи со вакцината на АстраЗенека.

Според нив, медицинската сестра (49) починала поради сериозно нарушување на коагулацијата, додека другата жена (35) добила белодробна емболија и се опоравува во болница.

Повеќе од 200.000 Австријци досега примиле вакцина на АстраЗенека, а Австрија во неделата привремено ја прекина вакцината.

ПРЕТХОДНО

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.