Третиот конвој со хуманитарна помош денеска замина од Египет во Газа преку преминот Рафа.

Првиот конвој од 20 камиони премина во саботата, а вториот вчера околу 14 часот.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст денеска ја поздрави испораката на првите два конвои со помош во Газа, додавајќи дека тоа е само мал дел од она што му е потребно на населението.

Портпаролката на добротворната организација Имене Трабелси рече дека мора да има постојан и одржлив план за испорака на залихи, истакнувајќи дека огромното мнозинство во Газа се потпираше на помош дури и пред да избие последниот конфликт.

Трабелси додава дека семејствата кои се принудени да ги напуштат своите домови спијат на улица без основни работи бидејќи засолништата се веќе полни.

„Не е претерување да се каже дека е катастрофално во Газа“, таа рече.