И денеска, трет ден по ред, од 15 до 17 часот ВМРО-ДПМНЕ ги блокираше најпрометните крстосници во Скопје, како и во уште неколку градови во државата. Под мотото Доста е, Излези за Македонија, од партијата информираат дека протестите се против, како што велат, новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски.
Во Скопје протестот се одржа на три локации крстосница пред Градска болница, крстосница пред ТЦ Мавровка, крстосница пред НИП Нова Македонија.
Протестите ќе продолжат и во иднина, велат од ВМРО-ДПМНЕ, се додека Владата не открие што содржи т.н патоказ со кој се преговара со Бугарија.