Трет ден трае потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која исчезна на пат кон училиште во скопската населба Дебар Маало.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека потрагата деноноќно трае и дека се истражуваат сите можни мотиви и причини.

Вчера полицијата објави нејзина фотографија со опис во билтенот за исчезнати, а нејзината фотографија се споделува и на социјалните мрежи.

Вања исчезна во завчера околу 07:20 часот на пат кон училиште. Последниот сигнал од нејзиниот телефон е лоциран на улицата „Партизанска“ спроти Универзална сала.