И додека во Собранието трае расправата по Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка, пред собраниската зграда граѓани протестираат против францускиот предлог. Пред Собранието се поставени шатори, а улицата е затворена за сообраќај.
Пратениците трет ден ќе расправаат за Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија.
Во изминатите два дена расправата се одвиваше во тензична атмосфера. Пратениците од опозицијата со вувузели и свирчиња ги саботираа говорите и репликите на пратениците од владејачкото мнозинство, а чести беа и меѓусебните обвинувања меѓу пратениците од власта и опозицијата.
Уште тројца од вкупно 42 пријавени пратеници, имаат право на збор. Потоа Собранието ќе одлучува за Информацијата.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица бараат отфрлање на овој предлог, кој, според нив, води кон асимилација и бугаризација. Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, велат дека преговарачката рамка нуди неповредливост на македонскиот јазик и идентитет и почеток на преговорите со ЕУ.
И додека во Собранието трае расправата по Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка, пред собраниската зграда граѓани протестираат против францускиот предлог. Пред Собранието се поставени шатори, а улицата е затворена за сообраќај.
Дебатата по Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за старт на пристапните преговори на земјава со Европската Унија почна завчера во Собранието. По завршување на расправата се очекува да бидат усвоени заклучоци, односно насоките што ќе и бидат испорачани на Владата.