Владимир Ивиќ минатата недела доби отказ во Вотфорд, а сега полека излегуваат и причините за тоа.
Ивиќ само осум дена откако го доби признание за тренер на месецот во Чемпионшип, доби отказ од управата на Вотфорд која застана зад својот најдобар играч и капитен, Трој Дини.
Имено, во последниот натпревар со Ивиќ на клупата, Вотфорд загуби со 2:0 од Хадерсфилд, а капитенот Трој Дини беше беше во тимот од дисциплински причини.

Управата на Вотфорд како главно образложение за отказот го наведе токму изостанувањето на Дини од тимот. Сега капитенот на Вотфорд ја раскажа својата страна од приказната.
– Бев на масажа кога ми пристигна повик од менаџерот Ивиќ во кој ми рече да дојдам во неговата канцеларија. Му реков дека нема проблеми и ќе дојдам за 10 минути кога ќе ми заврши масажата. Потоа отидов кај него во канцеларија, но тој беше во клупскиот ресторан и кога дојдов до него ништо не ми рече по што си помислив дека ќе разговараме во автобусот. Но, ни во автобусот не разговаравме по што си помислив дека се е во ред. Но, се ми стана јасно пред почетокот на натпреварот кога видов дека не ме прати на загревање – изјави Дини.
Капитенот на Вотфорд открива дека по поразот со Хадерсфилд, Ивиќ рекол дека го одморал Дини бидејќи одиграл четири натпревари за 10-тина дена но и поради нарушување на клупската дисциплина.
– Откако се се заврши луѓето ме прашуваат што направив, а јас не знам да им одговорам. Единствено што може да ми се стави како товар е тоа што не ја прекинав масажата и веднаш не отидов кога ме повика – вели Дини.