Како што информираат денеска од шпанскиот фудбалски клуб, францускиот стратег е позитивен на ковид-19.

Ова е објавено во пресрет на прес конференцијата која Зинедин Зидан требаше да ја одржи како најава за натпреварот од „Ла Лига“ против Алавес кој треба да се одигра в сабота.

Сега на Французинот му следува изолација и ќе ги пропушти наредните неколку мечеви.

Ќе биде заменет од Давид Бетони, неговиот прв помошник во стручниот штаб на „кралевите“.

Во четвртоколот го водеше тренингот, на кој со играчите разговараше околу дебаклот во Кралскиот купот и елиминацијата од третолигашот Алкојано.