Тренерот на Реал Мадрид, чиј тим е лидер во шпанската Примера, Карло Анчелоти изјави дека не се радува на лоши резултати или форма на ниту еден тим, па така ниту на лошите партии на Барселона.

– Ако работите не одат добро во некој тим, било тоа да е и Барселона, тоа не ме прави среќен, , изјави Анчелоти.

По шест кола Реал Мадрид е лидер со 16 бодови, Барселона е седма со само 9 освоени бодови.