Изборот на вистинското куче за вашето семејство може да биде тешка задача. Треба да одредите дали се согласуваат со децата и колку пешачење и грижа бараат. Затоа дресер на кучиња откри кои четири раси е прекрасно да ги имате доколку имате деца.
Тој на TikTok рече дека тие се исклучително добри со децата, но не мора да бидат одлични за сопствениците на кучиња кои првпат се занимаваат со тоа.
На прво место стави раса која за многумина е изненадување – Стафордширскиот териер.
@southenddogtraining1 4 dogs that are exceptional with children (all dogs and children need to be taugt to be respectful of each other) #dogs #staffie #dogtraining ♬ original sound – SouthendDogTraining
„Ова е убедливо најдоброто куче за деца“, рече тој.
На второ место е златниот ретривер, раса позната по својата дружељубива и пријателска природа. Третиот на листата е Лабрадор, а четвртиот е Њуфаундлендер.
„Најголеми на листата, но најнежни“, вели тренерот и посочува дека „сите четири раси се исклучителни со деца, но и кучињата и децата треба да се научат да се почитуваат“.