Нелегално избраниот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов продолжува да биде партиски портпарол на СДС и да одработува за нивните интереси, според ВМРО-ДПМНЕ.
Пиунот Трендафилов кој се разбуди од зимскиот сон, како што оценуваат од владејачката партија, наместо да се грижи за работниците и нивните права, тој единствено се занимава со напади кон власта со насоки сервирани од Бихаќка.
„Трендафилов сам призна дека е обединет со опозицијата и дека во координација со нив има илузорни барања кои не се поткрепени со анализи, туку се поткрепени со наредби од Бихаќка.
Тој е првиот синдикалец кој не го поздрави зголемувањето на платите на работниците во образованието, здравството, АРМ, МВР и администрацијата.
Пиунот на СДС не го интересира работникот, Трендафилов го интересираат само неговите излегувања по тв емисии, каде што пред секое негово јавно појавување оди на координација на Бихаќка.
Трендафилов јавно лаже и манипулира со јавноста, продолжува да изработува за подарокот што го доби од СДС, кој го ставија на незаконски начин да биде претседател на ССМ, за кога тие беа на власт тој да молчи и да ги поддржува нивните политики“.
Како што истакнуваат од партијата на Мицкоски, Трендафилов со плата над 1000 евра, службено возило и репрезентации, воопшто ниту знае, ниту го интересира како му е на работникот кој врзува крај со крај, заради лошите економски политики на неговите надредени, а тоа се СДС.
„Тој молчеше и кога граѓанинот денот го поминуваше со само 150 денари. Молчеше за нападите од Џафери кон вработени во собранието, молчеше на сексуалните напади врз припаднички на армијата од страна на старешини, а сега на дугме се разбуди од зимскиот сон“.
Порачуваат граѓаните да бидат спокојни, платите се покачуваат во секое поле.
Текстот Трендафилов продолжува да делува како партиски портпарол на СДС и да одработува за нивни интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.