Министерката за труд и социјална политика денеска се сретна со претседателот на „Банка за храна“ Душко Христов. На средбата се разговараше за предлог Законот за донирање на вишок храна од страна на претседателот до Министерството за труд и социјална политика.
„Како министерство се грижиме секој граѓанин на оваа држава да ја добие потребната заштита и помош за подобар живот. Наши верни соработници се и „Банка за храна“ кои обезбедуваат секој месец основни прехранбени артикли за оние на кои им е најпотребно. Во време на светска, економска и КОВИД криза ваквите организации во соработка со релевантните чинители успеваат да го олеснат животот на дел од нашите граѓани“ изјави Тренчевска.
Министерката рече дека секоја граѓанска иницијатива која што помага на социјално загрозените семејства е секогаш поддржана од страна на министерството. Социјалната заштита е нашиот приоритет и секоја помош е добредојдена.
„Во однос на предлозите кои што се приложени кај нас, ќе бидат разгледани и дискутирани од страна на сите релевантни фактори кои што играат улога во донесување на еден ваков предлог кој што ќе придонесува во социјалната заштита на граѓаните. “ дополни Тренчевска.
Соработката со граѓанските организации и МТСП продолжува интензивно и во наредниот период.