„Со новиот Закон за систем на плати во јавниот сектор се воспоставува систем за платите да не зависат од политичката волја на моменталната гарнитура на власт“ изјави министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во „Топ тема“ на Телма.

Таа додаде дека во моментов постои неунифициран систем на плати и огромни разлики во платите за исто работно место во различни сектори, а овој закон ќе воспостави ред.

„Преку потсистемите за плати ќе се дефинира највисоката плата во секоја дејност, а тоа ќе го прави надлежното министерство“ рече Тренчевска.

Таа додаде дека во јавните расправи за предлог-законот ќе се дефинираат сите нејаснотии за кои укажуваа дел од синдикатите, како вклучувањето на минат труд во освновата плата.

„Она за кое зборуваат синдикатите е дека се крати од делот за годишен одмор, дека таму ќе влегувала основната плата без минат труд, што не е вистина. Во првите членови од законот се дефинира дека задолжителна компонента на основната плата е минатиот труд. Но, затоа ова е предлог-текст, кој ќе се дообјаснува по јавните дебати“ рече Тренчевска.