Владата место да манипулира со некојси 5 посто покачувања, нека ги исполни обврските од колективниот договор каде треба да се добие реално покачување на платите на работниците. Но, оваа власт не е способна ниту еден буџет да донесе како што треба, а камо ли да ги накачи платите. И некоректно е пратениците од ДПМНЕ, да се однесуваат арогантно и самобендисано, со навреди, и да повикуваат на отфрлање на амандманот за зголемување на плати, или да се закануваат повторно, рече пратеничката на СДСМ, Јована Треневска, на комисијата за финансирање на буџет.

– Она што е евидентно е дека ако некоја влада е препознатлива по зголемување на платите во јавниот и во приватниот сектор е владата на СДСМ. Минималната плата ја зголемивме, од 8 илјади денари, колку што ја остави ДПМНЕ, па не ја ни исплаќаше навреме. Денс минималната плата е 22.500. Просечната плата од 22 илјади од 2016 ја донесовме на околу 41 илјади, да сега неспособната влада на ДПМНЕ ја намали просечната плата за илјада денари.“, рече Тренчевска.

Таа потсети дека во времето на владеењето на СДСМ имаше евидентни покачувања на платите, во здравството и образованите. Во 2016 платата на наставниците во средно образование беше 21.950 денари, а во септември 2023 таа изнесуваше 35.200 ден. Во високото образовани, ако основна плата на универзитетски професор беше 36.211 сега таа е 81.783 денари. Исто така и во основното образование, каде од 21.1000 платата се покачи на 33.640 денари.

– Владата мора да испочитува обврските од колективниот договор, а не да манипулира. Со коефициентот на сложеност до крај на годината мора да биде склучена спогодба, меѓу потписниците на Општиот колективен договор за јавниот сектор, а тоа е Владата и Сојузот на синдикатите. Кога СДСМ беше на власт и кога го подготвуваме колективниот договор, ставивме заштитна клаузула за да не се оштетени работниците и тие во март во 2025 мора да добијат реално зголемена плата, рече Тренчевска.