„Во образованието и во детската заштита во демекври платите беа покачени за 15 отсто. Во изминатите четири години во овие сектори покачувањата се од 36 до 40 отсто“ рече министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во „24 анализа“ на ТВ24.
Таа додаде дека со последното покачување од 2175 денари, покачувањето на вработените во градинките и детската заштита е речиси 45 отсто.
„Лага е дека немало покачување на платите во јавниот сектор изминатите години. Во државната администрација и во министерствата во 2017 и 2018 година имаше покачување на платите во повеќе сектори“ рече Тренчевска.
Министерката додаде дека изминатите години значително се покачија и платите во здравстото, одбраната, полицијата и останати дејности.