Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска отвори две сензорни соби за корисниците во Кривогаштани и Крушево, информираат од МТСП.

-Едната сензорна соба беше отворена во село Обршани, Кривогаштани, која беше изработена точно по мерка на корисниците во консултации со стручните лица кои досега работеле со децата. Додека другата сензорна соба беше отворена во градинката „Гонџа Туфа“ во Крушево. Сензорните соби се отворени со поддршката на Амбасадата на Кина, соопштуваат од МТСП.

Министерката при посетата на предучилишните установи, ја истакнала важноста на инклузивните градинки и овозможувањето на еднакви можности за сите деца. Таа им подарила на градинките инклузивни сликовници со брајово писмо.

Тренчевска посочила дека Министерството и во иднина ќе продолжи да вложува во изградбата на вакви градинки.