Владата денеска во рамки на 30.седница ја разгледа и усвои информацијата за вакцинацијата против Ковид-19 која ги опфаќа подготвеноста на системот, улогата на УНИЦЕФ како координатор на набавки во Ковакс механизмот, директните преговори со производителите и со Европската комисија и земјите-членки на Европската унија.

Во врска со оваа точка, Владата го задолжи Министерството за здравство да го извести Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) и УНИЦЕФ (преку претставникот на УНИЦЕФ во државава и Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ во Женева) дека Владата на Македонија донесе одлука услугите поврзани со набавката на вакцини против Ковид-19 во рамки на Ковакс механизмот во име на Македонија да се вршат преку УНИЦЕФ, врз основа на позитивно мислење на Министерството за надворешни работи и Бирото за јавни набавки дека такво учество на УНИЦЕФ е можно согласно Меморандумот за разбирање меѓу УНИЦЕФ и нашата земја од 2005 година, соопшти владината прес-служба.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.