Барселона ќе му ги исплати сите 142 милиони фунти на англискиот шампион за траснферот на Фелипе Кутињо.
Кутињо во 2018 година во трансфер вреден 106 милиони фунти плус дополнителни бонуси, од Ливерпул се пресели во Барселона каде не покажа речиси ништо од репертоарот од времето кога беше најдобар играч на „црвените“.
Но, и покрај тоа Ливерпул го направи трансферот на столетието бидејќи освен што го продаде Кутињо за 106 милиони фунти, но вметна клаузули за дополниетлни 36 милиони фунти.
Според англиските медиуми, сега се исполнети клаузулите и Ливерпул ќе ги добие сите 142 милиони фунти за фудбалерот кој се смета за едно од најголемите промашувања во историјата на Барселона.
Заслугите за зделката на столетието одат на сметка на спортскиот директор на Ливерпул, Мајкл Едвардс кој го состави договорот вклучувајќи ги и дополнителните клаузули.
Во договорот е јасно дефинирано како Ливерпул ќе ги добие сите пари, а згора на тоа Барселона не смее да купува играчи на англискиот тим до 2021 година.
Според договорот Ливерпул добиваше по 4.4 милиони фунти за секои 15. натпревари кои Бразилецот ги играше во дресот на Барселона, што значи дека Барселона досега на „црвените“ им исплатила 26.4 милиони евра за 90 натпревари.
Исто така Ливерпул добива идентични 4.4 милиони фунти секој пат кога Барселона ќе се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите, и досега на сметката на Ливерпул легнаа 8.8 милиони фунти.
Каталонскиот весник „Спорт“ тврди дека Ливерпул ќе добие дополнителни 18 милиони фунти доколку Кутињо одигра 100 натпревари за Барселона и доколку не биде продаден во зимскиот преоден рок, тогаш каталонците во наредните месеци ќе мора да ја исплатат и оваа сума.
Голем проблем за Барселона и исплатата на клаузулите претставува тоа што каталонците се наоѓаат во големи финансиски проблеми, додека на тренерот Ронал Куман, Кутињо е еден од клучните играчи оваа сезона.