Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на нигериското раководство со можна воена интервенција, доколку, како што рече, владата продолжи да допушта убиства на христијани.
Во објава на платформата „Трут соушал“, Трамп напиша дека САД ќе ја прекинат целата помош за Нигерија ако земјата не преземе мерки за запирање на прогоните.
„Ако нападнеме, тоа ќе биде брзо, сурово и слатко – исто како што терористите ги напаѓаат нашите сакани христијани!“, порача тој.
Ден претходно, Трамп ја стави Нигерија на листата на земји од посебна загриженост поради прекршување на верските слободи, наведувајќи дека христијанството таму е пред егзистенцијална закана.
Нигерискиот претседател Бола Тинубу одговори дека таквата карактеризација не ја одразува реалноста во земјата, која е речиси рамномерно поделена меѓу муслимани и христијани. Според „Франс Прес“, во Нигерија повеќе од 15 години трае џихадистичкото насилство на Боко Харам, при што загинале над 40.000 лица, а два милиона се раселени.
Текстот Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена акција ако убиствата на христијаните не престанат е превземен од МАКФАКС.























