Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес повтори дека поранешниот американски претседател Џозеф Бајден бил најлошиот претседател во американската историја и дека дозволил милиони криминалци да влезат во земјата.
„Заспаниот Џо Бајден, најлошиот претседател во историјата на САД, им дозволи на милиони и милиони криминалци, многу од нив убијци, дилери на дрога и луѓе ослободени од затвори и ментални установи низ целиот свет, да влезат во нашата земја преку неговата многу опасна и лошо замислена отворена граница“ напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“.
Тој изјави дека се извинува, но дека негова работа е да ги избрка тие убијци и хулигани од САД.
„Затоа сум избран. Да ја направиме Америка повторно голема“, рече Трамп, пренесува Танјуг.