Американскиот претседател, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа „Вистина“ објави дека ќе потпише извршна наредба „за крај на смешната промоција на хартиени сламки“ од неговиот претходник Џо Бајден, со порака: „Враќање на пластиката!“
Трамп е климатски скептик кој редовно ја нарекува енергетската транзиција измама и вети дека ќе ја зајакне експлоатацијата на јаглеводородите.
Демократот Џо Бајден постави цел со извршна наредба да ја елиминира употребата на пластични прибори за еднократна употреба, вклучително и сламки, во одделите и федералните агенции до 2035 година. Сламките, пластичните чаши и приборот за јадење се незаменливи во секојдневниот живот на Американците – конзументи на пијалоци или храна за носење и љубители на испорака на оброци.