Добри работи се случуваат во преговорите за завршување на војната во Украина, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп.
Како што објавува Ројтерс, Трамп не даде повеќе детали, туку зборуваше со „оптимистички тон“.
Минатата недела делегациите на Украина, Русија и Соединетите Американски Држави преговараа за завршување на војната во Абу Даби, каде што главната точка на спор беше прашањето за територијата, објавува Танјуг.
Трилатералните разговори ќе продолжат во недела, на 1 февруари, пишува медиумот.
Текстот Трамп: Многу добри работи се случуваат во преговорите за завршување на војната во Украина е превземен од МАКФАКС.























