Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Главна тема на средбата е војната во Украина и актуелната ситуација со предложениот едномесечен прекин на огнот, а средбата се одржува во Белата куќа зад затворени врати.

Пред почетокот, Трамп и Руте накратко се појавија пред новинарите. Претседателот рече дека „се надева оти Русија ќе постапи правилно“, а изјавата на Путин ја опиша како „ветувачка, но не и целосна“.

Сепак, особено внимание привлече изјавата на Трамп, пренесена од Ројтерс.

Тој и Руте беа пречекани со прашања за американските напори да го заземат Гренланд. И додека шефот на НАТО не сакаше да зборува за тоа, Трамп рече:

„Мислам дека припојувањето на Гренланд ќе се случи. Нашата администрација се занимава со Данска и Гренланд, ќе направиме договор. Ова е неопходно за меѓународната безбедност“, рече Трамп.