Членовите на американскиот Конгрес кои ги истражуваат немирите и упадот во Капитол на 6 јануари минатата година изјавија дека тогашниот претседател Доналд Трамп намерно избрал да не реагира повеќе од три часа додека илјадници негови поддржувачи биле околу зградата на Конгресот, обидувајќи се да ја блокираат потврдата за изборната победа на Џо Бајден.

Advertisements

„Претседателот Трамп седеше на трпезариската маса и го гледаше нападот на телевизија, додека соработниците, најблиските советници и членовите на семејството го молеа да го направи она што се очекува од кој било американски претседател“, рече Елејн Лурија, член на комисијата од Демократската партија.

Деветчлениот комитет на Претставничкиот дом што ги истражува немирите на 6 јануари 2021 година, покажа монтирана видео снимка од сведочењето на клучните соработници на Трамп во Белата куќа за да ги докаже тврдењата на комисијата дека Трамп ги гледал немирите на телевизија и не направил ништо за да ја запре. Јавната расправа во четвртокот вечерта требаше да биде последна, но членовите на комисијата сега велат дека продолжуваат да собираат информации за немирите и дека можеби ќе одржат нови расправи во септември.

Прикажи повеќе