Претседателот на САД, Доналд Трамп, за CNN изјави дека САД го поддржуваат Израел и ги нарече нападите врз Иран „многу успешни“.
„Секако дека го поддржуваме Израел, очигледно. Го поддржавме како никој досега“, рече Трамп во краткиот телефонски разговор.
„Иран требаше да послуша кога им кажав… Не знам дали знаете, но им дадов 60-дневно предупредување, а денес е 61-виот ден“, додаде тој.
„Тие треба да седнат на маса сега и да постигнат договор пред да биде предоцна. Ќе биде предоцна за нив. Знаете, луѓето со кои разговарав повеќе не се живи, тврдокорните“, рече Трамп, одбивајќи да прецизира на кого точно мисли.
На прашањето дали ова е последица од синоќешниот израелски напад, Трамп саркастично одговори: „Тие не умреа од грип, не умреа од ковид“.
CNN објави дека државниот секретар на САД, Марко Рубио, претходно изјави дека САД не учествувале ниту помагале во нападите.