Претседателот на САД, Доналд Трамп го одобри буџетот за финансирање на сојузната влада во кој е вклучен и пакетот на мерки за економска помош од последиците на пандемијата, јави синоќа Џад Дир, прес-секретар на Белата куќа. Финансискиот стимул за Американците од државата е во висина од речиси 900 милијарди долари

– Претседателот Доналд Трамп го потпиша нацрт законот 133 (одобрен од Конгресот) за доделаување на буџетски средства за фискалната година што завршува на 30 септември 2021 година, кој предвидува и итна помош и пари за борба со коронавирусот, се вели во изјавата на Дир

Мерките предвидуваат исплата по 600 долари за секој Американец, иако Трамп претходно бараше сумата да се зголеми до 2.000 долари. На почетокот на минатата недела тој се закани дека ќе стави вето на текстот, доколку неговото барање не се исполни. Во четвртокот, тој ги нарече мерките „срамни”

Ова создаде паника кај двете партии викендот во Вашингтон, со загриженост за последиците од затворањето на сојузната влада за време на пандемија и истекувањето на неколку клучни одредници од претходниот пакет мерки. 

Не се знае што пресудно за Трамп доцна синоќа да го смени ставот и да го потпише законот. „Вашингтон пост“ наведува дека тој се наоѓал под огромен притисок од републиканците да го стори тоа.