Претседателот на САД, Доналд Трамп, го одликува американскиот специјален пратеник за дијалогот Белград-Приштина, со медал за национална безбедност, поради неговиот „исклучителен придонес во историскиот договор за економски односи меѓу двете страни“.

Во образложението објавено од Гренел на неговиот профил на Инстаграм, заедно со фотографии од церемонијата на одликување, се наведува дека овој договор е значаен чекор кон градење на помирна, безбедна и просперитетна Европа и претставува најзначаен дипломатски чекор кон крајната цел во повеќе од 25 години.

– Придонесот на амбасадорот Гренел за постигнување на овој историски дипломатски напредок во Србија и Косово ќе доведе до посветла иднина за милиони луѓе, се додава во образложението.