Американскиот претседател Доналд Трамп го одликуваше со медал за „Национална безбедност“ својот пратеник за дијалогот меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел.
Преку објава на Инстаграм, Гренел соопшти дека ова одликување за него е „голема чест“.
„Тоа беше голема чест – особено затоа што дојде од Доналд Трамп кој ја искористи дипломатијата за да донесе мир во светот. Тој не започна нови војни, ги донесе американските трупи дома, ја изгради американската војска – и потпиша мировни договори“, напиша Гренел.
Косово и Србија постигнаа економски договор на 4 септември во Вашингтон во кој Мини-шенгенот и признавањето на Израел беа две од главните точки на договорот.
Хоти не ја коментира изјавата на Трамп, дијалогот Косово-Србија е неизвесен
Деновиве порталот Политико објави дека Гренел заминува на ново работно место во Американскиот меморијален совет за холокауст, кој управува со Меморијалниот музеј на холокаустот во Вашингтон.
Поранешниот амбасадор на Трамп во Берлин, кој беше и вршител на должноста шеф на националната разузнавачка служба, а подоцна ја советуваше изборната кампања на Трамп од неговата позиција во Републиканскиот национален комитет, е еден од четириесет соработници на доверба на Трамп, кој претседателот во заминување планира да го награди со ново работно место во еден од владините комитети. или тела, пред крајот на мандатот во Белата куќа, пишува порталот Политико.
Извор.МИА