Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп денеска ја осуди позицијата на неговиот поранешен советник за национална безбедност Џон Болтон, кој се спротивставува на предлогот на генералот Мајкл Флин да воведе вонредна состојба во некои земји со цел повторување на изборите, објави „Дејли меил“.

-Што може да знае Болтон, еден од најглупавите луѓе во Вашингтон- напиша Трамп на Твитер.

Трамп ја потсети јавноста на зборовите на Болтон додека беше на позиција советник.

– Зарем Болтон не го покажа „решението за Либија“ пред ТВ-камерите и објасни што САД ќе направат во врска со Северна Кореја? Имам неколку глупости на Болтон во архивите – додава Трамп.

Трамп жестоко реагираше по интервјуто на Болтон за Си-Ен-Ен, во кое тој воведувањето на вонредна состојба во некои американски држави го нарече „застрашувачка идеја“.