Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се огласи на својата социјална мрежа.

Во новото соопштение тој ги повика Американците да останат смирени.

„Бидете кул! Сè ќе успее. САД ќе бидат поголеми и подобри од кога било!“ напиша тој.

„Ова е одлично време за купување“, додаде тој во подоцнежната објава.

На полноќ стапија во сила високите царини на Трамп за светот, кои тој ги нарекува реципрочни.

ЕУ донесе одлука и за воведување царини за некои американски производи.