Мајка и две деца загинале по гранатирањето на градот Рубижне во регионот Луганск, информираат украинските медиуми. Третото дете е извлечено од урнатините и сега е во стабилна состојба.
„Од урнатините прво извлекоа две деца без знаци на живот, спасувачите се обидоа со реанимација, но за жал кога дојдоа лекарите од Брза помош, кај децата констатираа смрт“, стои во соопштението од украинските служби за итни случаи.
„Спасителите продолжија со потрагата под урнатините и пронајдоа жена и уште едно дете. Кај жената беше констатирана смрт, додека детето е спасено и состојбата му е стабилна“ – соопшти Државната служба за итни случаи.
Украинската новинска агенција извести дека седум цивили биле убиени, а пет ранети во минофрлачкиот напад на градот Макарив во регионот на Киев.