Под засега непознати околности, кои во моментов се истражувани од охридската полиција, во водите на Охридското езеро животот го загуби голманот на РК Охрид и македонски репрезентативец 26-годишниот Никола Даниловски.
Безживотното тело на голманот Даниловски е пронајдено денеска во водите на Охридското Езеро, а како што информираат од охридската полиција, на телото немало траги од насилство.
Охридската полиција информираше дека Никола Даниловски од синоќа се водел за исчезнат а по него интензивно ноќта трагале полицијата и неговите соиграчи и блиски пријатели.
Безживотното тело на Даниловски било пронајдено денеска во близина на Охрид во туристичката населба Лагадин.
Поради трагичната смрт на младиот голман, денеска е одложен мечот од Суперлигата во ракометната лига на Македонија, меѓу Охрид и Струга.