Страшни вести ни пристигнуваат од Русија каде млад фудбалер го загуби својот живот после повредата здобиена на фудбалски натпревар.

23-годипниот голман Александр Шишмарев умре во Каљинград на мечот помеѓу Црвена Звезда и Балтик.

Шишмарев се судри во еден дуел со противничкиот напаѓач, по што падна на теренот. Лекарите за неговиот живот се бореа повеќе од еден час, но на крајот не успеаа да го спасат неговиот живот.

Двата клуба и фудбалскиот сојуз на Русија се опростија од младиот спортист и испратија телеграми на сочувство до семејството на починатиот фудбалер. 23-годишниот голман се здобил со тешка повреда на главата.