Тринаесетгодишно момче од Загреб починало на Клиничкиот центар во хрватската престолнина откако, како што пренесуваат хрватските медиуми, испило поголема количина енергетски пијалок.

Лекарите подолг период го реанимирале, но нивните напори да се спречи трагедијата биле безуспешни. Момчето починало само неколку часа откако со своите другари било излезено и се забавувало со другарите.

По враќањето од кино момчињата трчале околу зградата во која живеел, а тинејџерот во еден момент паднал, пишува Večernji.hr. Била повикана брза помош со која е префрлено во болница каде лекарите безуспешно се бореле да го спасат неговиот живот.

-Покрај шеќерот кој не е добар за децата проблематични се состојките на енергетските напитоци како кофеинот, таурин и Л-карнитинот, кои можат да предизвикаат труење . Поголемите дози од овие состојки можат да предизвикаат несакани нус-појави, можат да бидат токсични за младите организми – вели доктор Филип Рубиќ од КБЦ Загреб.

Состојките од енергетските напитоци ја забрзуваат работа на срцето, а тоа може да има последици на целиот организам и да доведе до трагични последици.