Голема трагедија се случи синоќа кога млада мајка почина во болницата во Вараждин, Хрватска.
Директорот на болницата Ненад Куделиќ вели дека состојбата во таа институција е сè уште тешка.
-За разлика од претходниот бран кога бевме меѓу првите во Хрватска, во овој бран заостануваме околу 10 дена од остатокот на Хрватска. Во текот на април, забележавме линеарно зголемување на хоспитализацијата на пациентите во болничкиот систем. Во последните 5-6 дена, бројот се стабилизира на 170-180, што е помалку отколку во претходниот бран, но клиничките слики се многу потешки, рече тој, додавајќи дека имало помалку луѓе на респиратор во претходните бранови.
Тој исто така рече дека 32-годишна бремена жена која успеале да ја породат, починала во текот на ноќта.
Починала поради компликации од тешка пневмонија.