Славниот бодибилдер Џорџ Питерсон е пронајден мртов во хотелска соба, неколку дена пред почетокот на натпреварот Mr. Olympia.
Почина на 37-годишна возраст.
Питерсон бил пронајде како лежи на подот во хотелска соба, во безживотна состојба. Организаторите на натпреварот ја потврдија трагичната вест.
„Со голема тага соопштуваме дека неочекувано почина Џорџ Питерсон, шампион на сцена и надвор од неа. Нашите мисли се со неговото семејство и со сите кои го почитуваа и ценеа еден од најдобрите луѓе кои ги познаваме“, соопштија организаторите.