Претепаното девојче од Хрватска кое имаше само 2 ипол години и кое пред неколку дена со тешки повреди на главата и во критична состојба беше хоспитализирано, им подлегна на повредите.
-Со голема тага и жалење мора да ве известиме дека кај нашата мала пациентка, покрај сите преземени мерки и исклучителни напори на интензивниот тим, дојде до критично клиничко влошување. Во согласност со тоа, според протоколот спроведена е постапка за утврдување на мозочна смрт, што за жал е потврдено во 15.20 часот. Нека почива во мир, стои во соопштението на Клиничката детска болница во Загреб.
Двојчето со смачкана глава во средата од болницата во Нова Градишка е пренесено во Загреб, каде беше оперирана и сместена на интензивна нега, приклучено на респиратор.
Според она што пишуваа хрватските медиуми, таа во ноември била вратена кај своето семејство, откако претходно била сместена во згрижувачко семејство, поради нарушени односи и немање услови во нејзиното семејство.
Откако била одземена, мајката и таткото добиле уште две деца, а биле и под постојан надзор на Центарот за социјални грижи, од каде била дадена дозвола девојчето да се врати кај своите родители.
Иако биле под инспекција секој втор ден, сепак надлежните не успеаја да го спречат овој немил настан, во кој девојчето плати со живот.
Родителите се уапсени.