Тринаесетгодишно дете го загуби животот, а 14-годишник е тешко повреден во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера утрината во прилепското село Лажани. Несреќата се случила околу 08:50 часот, при судир на два мопеда без регистарски таблички, марка бенели и пежо, управувани од малолетници, двајцата жители на истото село.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, судирот се случил на локален пат, при што 13-годишниот возач починал од здобиените повреди. Смртта била констатирана во Градската болница во Прилеп. Вториот учесник во несреќата, 14-годишно момче, е хоспитализиран со тешки телесни повреди, но се наоѓа надвор од животна опасност.

На местото на настанот извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп. Телото на починатото дете е предадено на обдукција.