Во Битолската болница починало 6-годишно девојче, додека примало инфузија,  објави Телма.

Родителите за Телма низ солзи раскажуваат дека девојчето неколку дена имала температура и ја однеле во болница доцна синоќа. Докторите и земале крв за анализа, но додека се чекале резултатите и ставиле инфузија. Крвните анализи покажале повисоко ниво на шеќерот, а по примената инфузија шеќерот и бил значително зголемен, раскажуваат родителите. Состојбата и се влошила и детето починало.  Телото е дадено на обдукција.