По повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во организација на црквата Св. Константин и Елена во населба Илинден, ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на светиот крст во водите на езерото во хотелот Белви населба Илинден, каде главен покровител е Општина Илинден.
За таа цел, општината ги повикува сите граѓани на ден 19.01.2025 (недела) со својата масовност да го одбележат големиот ден за сите христијани, а положувањето на крстот ќе биде во 12:00 часот.
Сите заинтересирани учесници за манифестацијата, кои сакаат да го фатат крстот од водите, можат да се пријават во просториите на црквата Св. Константин и Елена во населба Илинден.
За најсреќниот учесник кој ќе успее да го фати крстот, ќе се обезбедат пригодни награди и подароци, информираат од општината.