Под мотото „За Тоше со Љубов“ денеска, по деветнаесетти пат, Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со ИТМ ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески.

Крводарителската акција ќе се реализира во холот на Дом на АРМ од 09:00 до 17:00 часот.

-Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост, наведуваат од Црвен крст.

До сега, на овие акции се реализирани повеќе од 5 300 единици крв.