Во денешното издание на “Студио” на Канал 77 членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски и поранешен градоначалник на Скопје истакна дека Петре Шилегов не заслужува уште еден мандат. Шилегов историски наназад гледано, е најлошиот градоначалник на Скопје. Скопјани нема по што да го паметат затоа што тој не направи ниту еден проект за подобрување на животот на граѓаните на главната метропола во државата.

-Петре Шилегов не заслужува втор мандат. За овие три ипол години покажа дека не е по работата, нема стратегија за развој, му оставив многу проекти, а тој после две ипол години ги започнува. Шилегов не направи ништо по што би го запаметиле скопјани. Од изборната програма не оствари ниту 10 отсто. Нема никакви резултати во областа на екологија, уредување и комунална хигиена. Станавме еден од најзагадените градови во светот. Насекаде нечистотија во Скопје. Зеленилото се суши, а нови садници не се садат. Гужвата во сообраќајот не е намалена, а во однос на водоснабдувањето немаме никаков напредок. Единствено ќе го паметат скопјани по продажбата на новата Градска куќа, којашто се изгради додека бев градоначалник, по отворањето на автобуската станица на 50-ка во ГТЦ и по ливадата на плоштадот на која тревата и се исуши, рече Трајановски.

Околу промената на имињата на улиците во градот, Трајановски истакна дека тоа не смее сега во овој период да се случува. Период во кој македонскиот идентитет е разнишан.