Поранешниот грдаоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски го обвинува актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов дека ги брка камперите од СРЦ Треска со цел таму да се изградат хотели и индивидуални куќи.
„Езерото Треска оваа влада го пренамени од земјоделско во градежно земјиште. Тоа јасно зборува дека таму сака да се направи некоја градежна експанзија. Тоа таму да не биде веќе СРЦ Треска, туку таму да има многу објекти односно хотели, индивидуални куќи“, изјави Трајановски во интервју за Утрински брифинг.
Тој негира дека град Скопје во 2011 Градот ја префрла надлежноста за СРЦ Треска од Градот Скопје на Општина Сарај.
-Тоа не е точно, нека го извади Шилегов тој документ, нека ја извади таа одлука и нека ја покаже јавно на граѓаните кога со одлука Советот на Град Скопје ја предал надлежноста на СРЦ Треска од Град Скопје на Општина Сарај“, вели Трајановски.
Според него, Шилегов не ги остварил ветувањата до граѓаните дека ќе го ревитализира езерото Треска.
„Тој ги знаеше состојбите и под кои и чии ингеренции е, и каква е состојбата со СРЦ Треска, меѓутоа ги излажа граѓаните дека тој ќе го ревалитизира езерото Треска, додаде Трајановски.