Вклучувањето на американската ДЕА во акцијата за запленување на марихуана во Северна Македонија значи аларм дека во земјата неконтролирано се произведува и тргува со оваа опојна дрога, вели пратеникот Павле Трајанов, во ексклузивно интервју за Zoom.mk.
„Во Македонија над 50 компании произведуваат марихуана што преставува проблем за вака мало подрачје. Има проблем околу законски промени како да пласираат, не знам цветот од марихуаната и започна илегално да се траснферираат огромно количини на марихуана од Македонија во другите држави и веројатно тоа било силен аларм на ДЕА да биде вклучена“, смета Трајанов.
Тој тврди дека е стратешки погрешно Македонија да се претвори во нарко картел, слободно да се произведува и да се легализира пушењето на марихуаната, без соодветна државна контрола.
„Да отвориме кафичи, со тоа ќе сме заработувале огромни пари. Апсолутно треба да се сведе на потребите на нашата држава и тоа за медициснки цели, не за друго“, додава Трајанов.
Според него, ако не се вразумие брзо да го корегираме оќекува тешки последици околу евроинтеграциите и статусот на земјата во НАТО.